Поранешната најдобра тенисерка во светот Русинката Марија Шарапова беше елиминирана уште во првото коло на турнирот во Штутгарт, откако Французинката Каролин Гарсија ја совлада со 2:1 во сетови.
Шарапова го доби првиот сет со 3:6, а потоа во тајбрејк го загуби вториот со 7:6.
Иако Русинката во третиот решавачки сет имаше почетно водство, Гарсија успеа да направи пресврт и победи со 6:4.
За Шарапова ова е четврт пораз во низа. Руската тенисерка во моментов се наоѓа на 41 место на ВТА листата, откако лани се врати на тенисот по 15 месеци суспензија поради допинг.