Шаповалов го елиминира Надал на Мастерсот во Монтреал

Од:

Денис Шаповалов од Канада ноќеска го направи најголемото изненадување на Мастерс турнирот во Монтреал, победувајќи го Рафаел Надал со 2-1 во сетови (3:6; 6:4 и 7:6 (7:4)).

Шаповалов на турнирот настапува со „вајлд карта“, бидејќи е на 143. место на АТП листата. Осумнаесетгодишниот канадски тенисер со овој триумф го спречи Надал да се врати на позицијата број 1 на АТП листата, бидејќи на Шпанецот му беше потребно да игра во полуфиналето на овој турнир за да стане тениски „број еден“.

Ривал на Шаповалов во следната четвртфинална рунда ќе биде Адриан Манарино од Франција.

Најголем фаворит за турнирска победа сега е Роже Федерер, кој синоќа со пресврт го совлада Давид Ферер со 2-1 во сетови (4:6; 6:4 и 6:2). Федерер за влез во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Во другите два четвртфинални меча ќе играат Робин Хасе (Холандија) – Диего Шварцман (Аргентина) и Александар Зверев (Германија) – Кевин Андерсон (Јужна Африка)

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ