Шампионот Голден Стејт се избори за „мајстрока“ во финалето на Запад

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт успеаја да постигнат победа ноќеска во шестиот натпревар  од финалето на „Запад“ и да го изедначат резултатот на 3-3 во победи со Оклахома Сити.

Голден Стејт славеше триумф со 108:101 (20:23; 28:30; 27:30 и 33:18). „Мајсторката“ за пласман во големото финале ќе се игра на теренот на Голден Стејт во понеделник навечер (30.мај),а победникот ќе игра во финалето против Кливленд.

Шампионот до победата стигна благодарение на одличната последна четвртина, кога Оклахома сити постигна скромни 18 поени. Во последните три минути Голден Стејт имаше серија од 9:2, а Оклахома Сити во тој период направи шест грешки.

Најдобар поединец на дуелот беше Клеј Томсон со 41 поен (рекордни во плеј офот 11 тројки). Стеф Кари постигна 29 поени кај Голден Стејт, додека во редовите на домаќинот Кевин Дјурат имаше 29, а Расел Вестбрук 28 поени.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on