Шампионот Голден Стејт прв до 30. победа

Од:

Екипата на Голден Стејт (шампион во НБА) прва стигна до 30. победа во рамките на регуларниот дел од НБА лигата откако ноќеска на гости славеше победа над Хјустон. Реашавачката предност Голден Стејт ја направи во финишот на третиот период кога од 78:78 имаше серија од 12:4.

Втор натпревар по ред поради повреда го пропушта првиот играч на тимот Стеф Кари, а сега имаше одлични замени во Клеј Томсон кој постигна 38 поени и Драмонд Грин со „трипл-дабл“: 10 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Кај Хјустон Џејмс Харден постигна 30 поени.

Резултати на ноќешните дуели: Хјустон – Голден Стејт 110:114, Оклахома Сити – Феникс 110:106, Јута – Портланд 109:96, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 89:95, Детроит – Минесота 115:90 и Индијана – Милвоки 116:120.

Пласман Источна конференција: Кливленд 21-9 (победи-порази), Атланта 21-13, Торонто 20-13, Чикаго 18-12, Орландо 19-13, Мајами 18-13, Индијана 18-14, Бостон 18-14,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 30-2, Сан Антонио 28-6, Оклахома Сити 23-10, ЛА Клиперс 21-13, Далас 19-13, Мемфис 18-16, Хјустон 16-18, Јута 14-17,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on