Првакот во НБА лигата Голден Стејт оствари уште еден убедлив триумф на домашен терен откако ноќеска беше совладана екипата на Лос Анџелес Клиперс со 16 поени разлика.
За Голден Стејт ова е 33. победа сезонава дома (без пораз) или 51.ва во серија пред своите навивачи.
Тимот до триумфот го предводеше тандемот Стеф Кари и Клеј Томпсон кои постигнаа 33 односно 32 поена.
И покрај поразот на гости кај Бостон, екипата на Торонто обезбеди пласман во плеј офот.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Вашингтон – Атланта 101:122,
Кливленд – Милвоки 113:104,
Бостон – Торонто 91:79,
Детроит – Орландо 118:102,
Чикаго – Њујорк 107:115,
Хјустон – Јута 87:89,
Минесота – Сакраменто 113:104,
Сан Антонио – Мајами 112:88,
Денвер – Филаделфија 104:103 и
Голден Стејт – ЛА Клиперс 114:98.
Пласман Источна конференција: Кливленд 51-20 (победи-порази), Торонто 48-22, Атланта 42-30, Бостон 42-30, Мајами 41-30, Шарлот 41-30, Индијана 37-33, Детроит 38-34, Чикаго 36-34, Вашингтон 35-36,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 64-7, Сан Антонио 60-11, Оклахома Сити 49-22, ЛА Клиперс 43-27, Мемфис 41-31, Портланд 37-35, Далас 35-36, Јута 35-36, Хјустон 36-37,…