Шампионот Голден Стејт пред елиминација од Оклахома

Од:

Екипата на Оклахома Сити ноќеска го совладаа Голден Стејт со 118:94 (30:26; 42:27; 22:29 и 24:12) и поведе со 3-1 во серијата прв до четири победи во финалето на Западната конференција од НБА лигата.

Со оваа победа Оклахома направи голем исчекор кон пласманот во финалето. Голедн Стеј за да има можност да ја брани титулата треба да слави во следни три дуели.

Расел Вестбрук со трипл-дабл (36 поени, 11 скокови и 11 асистенции) беше најдобриот кошаркар во значајниот триумф на „Тандер“. Дабл-дабл учинок со 26 поени и 11 скокови запиша Кевин Дурент.

Во поразениот тим најефикасен беше Клеј Томпсон со 26 поени, Стеф Кари застана на 19.
 
Следниот натпревар кој може да биде и последен, е на теренот на Голден Стејт во Оукленд ноќта меѓу четврток и петок.

Вечерва се игра петтиот дуел од финалето на Истокот меѓу Кливелдн и Торното при моментален резултат 2-2 во победи.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on