Актуелниот шампион во кошаркарската НБА лига, екипата на Голден Стејт, славеше победа во дербито на вечерта против Сан Антонио со 112:101.
Стив Кари одново беше лидер во редовите на „Воините’’ со учинок од 27 поени и 9 асистенции, додека Кавај Ленард постигна 23 поени за „Спарси’’.
Ова беше 70-тата победа на Голден Стејт, тим кој до крајот на регуларниот дел на сезоната треба да одигра уште три натпревари. Доколку. „Вориорси’’ успеат да остварат победи на сите три меча, ќе го урнат рекордот на Чикаго од 72 победи и 10 порази поставен во 1996 година.
Покрај овој меч ноќеска во НБА лигата се одиграа уште четири натпревари.
Победи пред својата публика остварија Атланта над Торонто со 95:87 и Мајами кој со 106:98 го победи Чикаго 106:98, додека на теренот на противникот се радуваа Минесота во дуелот со Сакраменто, победувајќи го со 105:97 и Феникс кој во Хјустон победи со 124:115.