Шахтјор го покори големиот Реал среде Мадрид

Од:

Екипата на Шахтјор од Доњецк вечерва направи големо изненадување, совладувајќи го како гостин Реал Мадрид со 3:2 во натпревар од групата „Б“ од Лигата на шампионите.

Украинската екипа веќе на полувремето имаше предност од 3:0, со головите на Тете (29’), Варан (33’ – автогол) и Соломон (42’) во првото полувреме. По паузата, тимот од Мадрид се обиде да направи пресврт, но погодоците на Лука Модриќ (54’) и Виничиус Жуниор (59’) не беа доволни за тоа.

Зинедин Зидан направи седум измени пред саботното „Ел Класико“ против Барселона. Капитенот Серхио Рамос воопшто не беше во групата на мечот поради добиен удар против Кадиз и така неговото место го зазеде Едер Милитао. Ферлан Менди беше преквалификуван како десен бек.

Во средниот ред имаше и две нови имиња во споредба со последниот натпревар – Касемиро и Федерико Валверде. Нападот беше целосно променет. Родриго и Марко Асенсио играа на крилата, а Лука Јовиќ го започна мечот.

Шахтјор пак беше сериозно погоден од коронавирусот, а дури десет играчи од нивниот прв тим го пропуштија мечот. Меѓу нив беа бразилските sвезди Тајсон, Алан Патрик и Жуниор Мораеш, дефанзивецот Микола Матвиенко, крилото Евхен Конопљанка и вториот капитен Тарас Степаненко.

Украинците сепак успеаја да соберат доволно играчи за натпреварот, бидејќи нивната почетна постава ја сочинуваа осум играчи на возраст од 23 или помалку години, за на крајот да дојдат до неверојатна победа.

Би можело да ве интересира

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он