Летонката Анастасија Севастова ја победи руската тенисерка Марија Шарапова и се пласира во четвртфиналето на Грен слемот УС Опен, каде ќе се сретне со Слоен Стивенс (САД).
Севастова које е 16. носителка на турнирот во Њуојрк, иако го загуби првиот сет со 5:7, имаше сили за резултатски пресврт и ги доби следните два сета со 6:3 и 6:1.
Стивенс во осминафиналето исто така во три сета беше подобра од Германката Јулија Гергес
Покрај двојката Севастова – Гергес, познат е уште еден пар за четвртфиналето во женска конкуренција на Отвореното тениско првенство на САД. Деветтата носителка Венус Вилијамс (САД) ќе игра со Петра Квитова од Чешка која ноќеска ја елиминира третата фаворитка Гарбине Мугуруза (Шпанија).