Сестрите Вилијамс обезбедија четвртфинале на Вимблдон

Од:

Сестрите Серена и Венус Вилијамс успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Вимблдон, откако попладнево ги победија своите ривалки со 2-0 во сетови.

Серена беше подобра од Светлана Кузњецова со 7:5 и 6:0 во сетови, додека Венус ја совлада Карла Суарез-Наваро со 7:6 (7:3) и 6:4.

Пласман во следната рунда обезбеди и Симона Халеп со победата над Медисон Киз со 2-1 во сетови (6:7 (5:7); 6:4 и 6:3), а во дуелот на руските тенисерки поуспешна беше Елена Веснина, која со 2-1 во сетови (5:7; 6:1 и 9:7) ја совлада Екатерина Макарова.

Претходно пласман изборија и Анастасија Павличенкова, Доминика Цибулкова, Анжелик Кербер и Јарослава Шведова.

Двојките во четвртфиналето кое се игра утре се: Серена Вилијамс – Павличенкова, Цибулкова – Веснина, Халеп – Кербер и Венус Вилијамс – Шведова.

Кај мажите четвртфинале изборија: Рожер Федерер, Марин Чилиќ и Сем Квери.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен