Серена: Земав 50 маски, ќе играм на сите турнири

Од:

Големата шампионка на „белите спортови“, Серена Вилијамс, го најави своето учество на сите турнири во САД, како и во Европа.

Среде пандемијата на коронавирус, многу тенисери го откажуваат учеството на турнири, но тоа не е случај со Серена Вилијамс.

Напротив, таа не крие дека е загрижена за новиот вирус Ковид-19, само што тоа не влијае на нејзината одлука да биде актер на сите турнири.

Таа планира и сака да се натпреварува прво во Њујорк на УС Опен, а подоцна и на земја, пред се на Ролан Гарос.

„Ќе играм на секој турнир што се одржува, но сè уште немам конкретен план. Целиот свет се соочува со пандемија на коронавирус. Спортот е една од ретките работи што може да ги развесели луѓето. Јас немам полн капацитет на белите дробови, па не знам што би се случило ако се заразам. Мислам дека сè би било како што треба, иако подобро е да не преземам ризик. Бев внимателна, патував со 50 маски“, истакнува Серена Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест