Американката Серена Вилијамс се зацрвсти на првото место на тениската ВТА листа по победата на Мастерсот во Мадрид.
На втората позиција и натаму се наоѓа Марија Шарапова, противничката на Вилијамс во финалето на турнирот во шпанскиот главен град.
Првите 10 тенисерки на ВТА листата објавена денеска се:
1. Серена Вилијамс (САД) 11.115 бодови
2. Марија Шарапова (Русија) 10.690
3. Викторија Азаренка (Белорусија) 8.510
4. Агњешка Радванска (Полска) 6.475
5. На Ли (Кина) 5.755
6. Сара Ерани (Италија) 5.640
7. Анжелика Кербер (Германија) 5.530
8. Петра Квитова (Чешка) 5.225
9. Каролине Вознијацки (Данска) 3.625
10. Саманта Стосур (Австрија) 3.545.