Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја потврди добрата форма и во финалето на УС опен ја совлада Каролине Возниачки со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3). Ова за Американката е трета титула на овој турнир во низа, а оваа година победи без загубен сет.
Инаку, таа по 18-ти пат победи во грен слем финале, а ова беше за неа 22. финален меч.
Возниачки го загуби и своето второ грен слем финале откако пред пет години (2009) истотака во Њујорк беше поразена од Ким Клистрес.
За доминацијата на Вилијамс во финалето потврдува и податокот што Возниачки имаше само 4 директни поени и 15 неизнудени грешки во текот на целиот меч, што траеше 77 минути. За разлика од неа Вилијамс оствари 29 директни поени и 23 неизнудени грешки.
Вечерва на програмата е машкото финале Кеи Нишикори против Марин Чилиќ.