Серена Вилијамс по породувањето ќе се врати на теренот

Од:

Американката Серена Вилијамс ќе се врати на професионалниот тенис по породувањето и ќе продолжи да игра на 36-годишна возраст.

Вилијамс која има 23 гренд слем титули, вчера преку социјалните мрежи објави дека ја заврши сезоната поради бременост, но од нејзиниот тим порачаа дека тоа не е крај на нејзината кариера.

– Серена веќе го прави распоредот за почетокот на 2018 година, изјави ПР менаџерката Кели Новак.

Интересно е тоа што Вилијамс на породилна пауза оди од првото место на светската ранг-листа следната недела, а ќе ја сочува својата позиција според посебното правило на ВТА ако одигра турнир 12 месеци од породувањето.

Во јули се очекува враќање на тениските терени на Викторија Азаренка, која минатиот декември се породи, а претходно тоа го стори и Ким Клајстерс.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи