Најдобрата тенисерка во светот Серена Вилијам во текот на турниор во Дубаи изјави дека многу го почитува српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ и смета дека тој е перфектен.
На новинарското прашање што мисли за најдобриот тенисер во светот, Американската тенисерка изјавила се најдобро.
-Тој е фантастичен. Како животно. Потполно перфектен – истакнала Серена, пренесе „Спортски журнал“.
Американската тенисерка потоа објасни дека би сакала да ги позајми карактеристиките на Новак.
-Секогаш е максимално подготвен, никога не се заморува. Навистина е голем шампион – истакна Серена.