Серена се врати со победа по 14 месеци отсуство

Од:

Освојувачката на 20 гренд слем титули, Серена Вилијамс се врати на терените со победа по 14-месечно отсуство. Триесет и шестгодишната Американка ја победи Зарина Дијас (Казахстан) со 7:5, 6:3 на почетокот на турнирот во Индијан Велс со награден фонд од 2.87 милиони долари.

Вилијамс покажа мала несигурност во својата игра, што беше особено видливо во вториот сет, но поранешната број 1 во светот успеа да се справи и по 93 минути да ја совлада 53-тата тенисерка на ВТА листата. Американката забележа 34 винери, но исто така и 27 неизнудени грешки во својот прв официјален натпревар во сингл, по финалето Австралија Опен во 2016 година.

– Беше неверојатно. Повторно сум на теренот по година и едно дете подоцна. Сега морам да си одам дома за да ја видам и тоа ме возбудува. Тоа дефинитивно не беше лесен меч, но беше добар за мене. Уште сум малку зарѓана, но тоа нема значење. Учествувам на овој турнир, за да го дадам најдоброто од себе, изјави Вилијамс по средбата.

Во следниот круг, Вилијамс, која е шампионка на турнирот во 1999 и 2001 година, ќе се сретне со Холанѓанката Кики Бертенс, која одмораше во првиот круг.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест