Сепанг му оддава почит на Симончели

Од:

На трагично загинатиот Марко Симончели овој викенд ќе му биде оддадена почит пред почетокот на трката за Големата награда Малезија.

Симончели, на 23. октомври минатата година, на патеката Сепанг, го загуби животот, по што трката беше прекината.

Во чест на Симончели, кој заедно со сонародникот Валентино Роси, беше една од најголемите ѕвезди во Мото ГП шампионатот во свиокот број 11, во кој го загуби животот, ќе биде поставена бронзена плакета.

Првиот човек на Сепанг, Разлан Разали рече дека сите возачи и членовите на нивните тимови, во четврток ќе бидат на свиокот 11, во знак на сеќавање на младиот Италијанец.

Исто така, новиот трофеј кој е наречен „Марко Симончели руки на кралската класа во Мото ГП“ ќе биде претставен во сабота, трофејот ќе му биде доделен на најдобриот руки во кралската класа на последната трка во сезоната Големата награда на Валенсија.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска