Сензација во Париз – Данил Медведев елиминиран уште во прво коло на Ролан Гарос

Од:

Нов шок на Ролан Гарос!

По голема битка со Адам Волтон, Данил Медведев успеа да загуби иако беше голем фаворит и го заврши учеството на овој турнир.

Волтон ја изведе сензацијата за три часа и 22 минути, а конечниот резултат беше 3-2 за Австралиецот, односно 6:2, 1:6, 6:1, 1:6, 6:4.

Волтон, 97-от играч во светот, одлично го започна натпреварот оставајќи го Русинот само со два гема во првиот сет.

Данил успеа да ја спречи сензацијата и одговори во вториот сет на доминантен начин, но Волтон поведе со 2-1 и го доби третиот сет со убедлив резултат од 6:1.

Медведев веднаш одговори со идентичен сет, па сè запре во последниот, петти дел од играта.

По сигурниот старт за двајцата тенисери, Медведев прави брејк и стигнува до водство од 2:1, но ја испушта предноста во брејкот во осмиот гем, Волтон го враќа брејкот, израмнувајќи на 4:4.

Следните два гема му припаѓаат на Волтон, кој чудесно го нокаутира Медведев и оди во второто коло на Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сензација на Ролан Гарос – 1.447ми во свет, а победи тенисер кој го совлада Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Медведев му го нанесе првиот пораз на Алкараз годинава, во финалето на Индијан Велс ќе се бори со Синер

Медведев го победи Зверев и се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг

Данил Медведев казнет со 42.500 долари за неспортско однесување на Отвореното првенство на САД

Медведев: Ќе ги бојкотирам натпреварите што се играат во 11 часот наутро

А1он

Шок на стартот на Вимблдон – рускиот тенисер Данил Медведев елиминиран уште во првото коло

А1он