Најдобрата светска тенисерка Анџелика Кербер од Германија го заврши настапот на Грен слем турнирот Ролан Гарос откако во 1. коло денеска загуби од Русинката Екатерина Макарова со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2). Ова е втора година по ред како Кербер е елиминирана во првото коло на Ролан Гарос.
Од воведните дуели кај жените за одбележување е победата на Петра Квитова од Чешка, која по нападот во нејзиниот стан од крајот на ланската година кога беше повредена го одигра првиот меч и постигна победа над Јулија Босеруп од САД со 2-0 (6:3 и 6:2), додека пласман во следното коло избори и шампионката од 2009 година од Ролан Гарос Светлана Кузнецова која со 2-0 (7:5 и 6:4) ја победи Американката Кристина Мек Хејл.
Денеска на програмата се мечеви од првото коло во двете конкуренции.