Семејството потврди: Почина најпознатиот фудбалски агент Мино Раиолa

Од:

Познатиот фудбалски агент, Мино Рајола почина денеска во клиника во Милано соопшти неговото семејство. Пред два дена беше објавено дека Раиола Почина, но потоа информацијата беше демантирана.

Во јануари годинава се дозна дека легендарниот фудбалски агент е тешко болен, а само три месеци подоцна, за жал пристигна објавата за негова прерана смрт.

Раиола ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најуспешните фудбалски агенти во историјата на фудбалот. им беше менаџер на Ибрахимовиќ, Балотели, Де Лихт, Халанд, Погба, Верати и многу други.

Семејството на Раиола со огромно разочарување и тага ја пренесе најлошата вест, потенцирајќи во објавата дека мисијата на Мино била да го направи фудбалот подобро место за играчите.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски