Селекторот на Романија ги терал фудбалерите да буткаат автобус

Од:

Романскиот фудбалски репрезентативец Габриел Торже изнесе тешки обвинувања кон селекторот Кристф Даум.

Германецот применувал ригорозни методи за време на двегодишното извршување на функцијата селектор на Романија.

– Никој не смееше ништо да му каже во поглед на тактиката, игарата… Со никој не разговараше. Еднаш дури не натера да буткаме автобус кој се расипа. Го буткавме сите, прво петмина, а подоцна и остатокот од тимот. Според третманот како да сум бил во градинка, изјави Торже.

Слични методи Даум спроведуваше и порано. Кон крајот на 90-те како тренер на Баер Леверкузен им задавал задачи на играчите кои меѓу другото содржеле и трчање преку искршено стакло и јаглен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Белгијците се вратија во игра со триумф над Романија

Романија ја порази Англија на ЕП 21

Ана Ололовска

УЕФА ја казни Романија со натпревар без публика и 73.000 евра

Наум Локоски