Селекторот Ангеловски го повика Сејдини на средба, од ФФМ велат претседателот е позитивен на Ковид-19

Од:

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека претседателот Муамед Сејдини е позитивен на Ковид-19. Сејдини почувствувал симптоми во петокот, а вчера добил позитивен резултат на тестирањето. Претседателот е во карантин и воопшто не беше на натпреварот против Лихтенштајн информираат од ФФМ.

Објавата за позитивниот тест на Сејдини дојде многу кратко по прес – конференцијата на која селекторот Игор Ангеловски истакна дека во петокот го повикал Сејдини на разговор со репрезентативците, но тој не дошол.

„Во петокот го повикав претседателот на ФФМ да дојде да разговараме за да ги надминеме недоразбирањата околу репрезентацијата. Но, тој не дојде во саботата. Ја користам оваа прилика јавно да го повикам да оствариме средба и да ги разрешиме работиме затоа што ни претстои убава работа, учество на Европското првенство“ – рече Ангеловски на прес конференцијата по натпреварот со Лихтенштајн.

Тензијата меѓу репрезентативците и селекторот од една и раковдството на ФФМ од друга страна се провлекува подолго време, кулминираше периодов по изјавите на Горан Пандев против федерацијата и особено по натпреварот против Романија кога капитенот објави дека репрезентативците не ги сакаат парите од премијата што им ја одреди ФФМ.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија