СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

Од:

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во Скопје го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 24:20 (14:12) во рамки на првиот четвртфинален натпревар во регионалната СЕХА лига.

Македонскиот шампион и петкратен освојувач на СЕХА лигата беше во константно водство во првиот дел кое се движеше од еден до два голови разлика.

Пред ограничен број гледачи во салата „Јане Сандански“, ракометарите на Вардар го отворија вториот дел со серија од 2:0, поведувајќи со 16:12 и четири голови предност кои ги задржаа до самиот крај на натпреварот.

Тимур Дибиров и Анте Кудуз беа најефикасни во редовите на Вардар со по седум голови, а одлично издание имаше и голманот Мартин Томовски.

Реваншот во Загреб ќе се игра во вторник со почеток од 20 часот.

Завршниот фајналфор турнир ќе се одигра од 3 до 5 септември во Задар, а прв полуфиналист е унгарскиот Веспрем, кој вечерва триумфираше и во реваншот против хрватски Нексе со 30:25, откако на првиот натпревар победи со 35:33.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска

Вујовиќ: За првпат Ф4 во СЕХА ќе мине без Вардар или Загреб, би ми било драго тоа да е хрватскиот тим

Ана Ололовска