Државната изборна комисија вечерва ќе одржи седница, на која ќе бидат разгледани предлог овластувањата за набљудување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија поднесени до ДИК.
На седницата, како што е најавено, ќе се разгледа и усвојувањето на Записникот за сумирање и утврдување на резултати од гласањето на избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор, кои гласаат во избирачко место бр. 5050 – ДКП и се избрани за членови на избирачките одбори надлежни за спроведување на гласањето во ДКП на Република Македониија во странство и кои се со статус внатрешно раселени лица за Општинска изборна комисија и за Изборната единица.
ДИК на седницата треба ги разгледа и усвои и записниците од продолжението на 57, 76, 77, 88, 89, 90, 92 и 93 седница.