Седлоски: Верувам дека можеме до третото коло во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот првак Вардар утре ќе го одигра реванш натпреварот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме. Вардарци имаат позитивен резултат од гостувањето во Шведска каде одиграа 1:1 кој ќе го принуди противникот да игра многу поотворено. Токму тоа ќе биде и шансата за македонскиот шампион да мине во следната рунда од квалификациите.

Тренерот Гоце Седлоски верува во играчите дека ќе дадат се за да се изборат за позитивен резултат кој ќе го одведе црвено-црните во третото квалификациско коло

– Утрешниот меч ќе биде потежок од првиот во Малме. Но. Јас верувам дека моите играчи, тие се подготвени и кој и да излезе на теренот ќе го даде максимумот и дека ќе сторат се да обезбедат резултат кој носи пласман во следната рунда, изјави Седлоски.

Реванш дуелот Вардар – Малме кој ќе се игра утре на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе започне од 18 часот, а правдата ќе ја делат судии од Украина предводени од главниот арбитер Анатолиј Жабченко.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица