Се подобрува здравствената состојба на Михаел Шумахер

Од:

Сабине Кем, менаџерката на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, изјавила дека состојбата на легендарниот возач се подобрува.

Има мали подобрувања. Тие даваат надеж за закрепнување, вели Кем за Билд.

Четириесетишест годишниот Шумахер и понатаму закрепнува од тешките повреди на главата кои ги здоби во декември 2013 година на скијање во Франција.

Некогашниот возач на Ферари неколку месеци беше во вештачка кома по што докторите го вратија во свесна состојба . Германецот не се појавува во јавност, а семејството се обидува да го заштити од новинарите.

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Семејство Шумахер: Можете да бидете сигурни дека Михаел е во најдобрите раце

Наум Локоски

„Дејли мејл“: Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет

Наум Локоски

Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 во 2019 година

Наум Локоски

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Наум Локоски