Во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во општина Гази Баба се одржа државното првенство во кошарка за основни училишта, девојчиња.
Домаќин и организатор на настанот беше ООУ „Дане Крапчев“ заедно со општина Гази Баба и Сојузот за училишен спорт на Гази Баба.
Пред присутните спортисти и гости се обратија, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претседателот на државниот сојуз за училишен спорт, Александар Туфекџиевски и градоначалникот Борис Георгиевски, кој воедно и го прогласи државниот натпревар за отворен.
На спортскиот настан учествуваа: ООУ „Кузман Шапкарев“ од Скопје, ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево и ООУ „Дане Крапчев“ од Скопје.
По одиграните натпревари, се постигнаа следните резултати:
Првото место го освои екипата од ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга
Второто место го освои екипата на ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево
Треттото место го освои екипата на ООУ „Дане Крапчев“ од Скопје
Четвртото место го освои екипата на ООУ „Кузман Шапкарев“ од Скопје
Градоначалникот Борис Георгиевски ги подели медалите и пехарите на кошаркарските екипи и им посака на сите спортисти успеси во понатамошното спортување.