Спортскиот центар „Борис Трајковски“ овој месец го слави осумгодишното успешно работење. Комплексот е еден од врвно опремените и најпознати комплекси во Македонија и во него се одржувале врвни спортските, музичките и воопшто културните манифестации.
Центарот кој го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (1956-2004) претставува мултифункционален објект за рекреација, сите видови спортови и најразлични културно – музички настани и манифестации.
Од позначајните спортски настани во „Борис Трајковски“ се реализирале: Европско првенство во ракомет за жени и мажи, Европски првенства на нашите репрезентации во кошарка и ракомет, Куп на Македонија во ракомет и кошарка, квалификациски натпревари за европски и светски првенства на репрезентациите во кошарка, ракомет и одбојка, Светско првенство во кик-бокс, Златен Гонг – меѓународен боксерски турнир, Регионалната лига во кошарка и ракомет, Регионална лига во ракомет за жени….
Низ текот на годините се реализираше отворање на Куглана, Пинг Понг клуб, Аеробик Центар, Конгресна Сала, Хокеј Арена, Картинг Центар, Пливачки Базен, Центар за странски јазици – Логос Центар, сала за Бокс, се пушти во употреба и Карпа за качување, потоа имаше отворање на првиот рекреативен Аква Парк во Скопје, две двојни тениски игралишта, адаптација на арената во мултифункцонален терен за ракомет, кошарка и тенис.
– Сите овие новини се адаптирани кон потребите на нашите корисници и потребите на граѓаните и се надеваме дека ќе ја приближиме нашата понуда до што е можно повеќе граѓани. Исто така верувам дека ќе успееме да ги мотивираме оние кои се уште не почнале да се занимаваат со спорт, токму сега да го сторат истото, а со тоа индиректно да придонесеме да се избегнат пороците од модерното живеење. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и во идина ќе продолжи да работи на промоција на спортот и спортскиот начин на живот, како наша главна определба, а се со цел да им овозможиме на граѓаните поквалитетни и подостапни услови за спортување. Нашиот план е десетгодишнината да ја прославиме со двојно зголемување на проекти но и на капацитети во центарот, изјави Директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, Златко Перински.
Во чест на јубилејот тимот на Спортскиот Центар Борис Трајковски изготви електронски времеполов на настани, а истиот можете да се погледне на следниов линк: http://scboristrajkovski.gov.