Сопственикот на ПАОК Иван Савидис е казнет со тригодишна суспензија од фудбалот и 100.000 евра, за инцидентот што го предизвика во Солун пред крајот на дуелот со АЕК кога со револвер на појасот влезе на теренот да се пресметува со судијата поради поништен гол на ПАОК.
Инцидентот предизвика повеќенеделен прекин на Грчкото фудбалско првенство и остри опомени за суспензија од УЕФА.
Клубот ПАОК е казнет со одземање, три натпревари без присуство на публика и 63.000 евра.
Мечот во Солун е регистриран со службени 3:0 за АЕК, кој сега е на чекор до шампионската титула.