Кошаркарите на Сан Антонио остварија уште една победа дома откако ноќеска го совладаа Сакраменто. Ова беше нивни 30-ти труимф на домашен терен сезонава на исто толку натпревари пред својата публика.
Сан Антонио се наоѓа и во серија од осум победи, најдолга во овој момент од сите екипи во лигата.
Каваи Леонард со 25 поени и повратникот во тимот Ману Џинобили со 22 беа најефикасни во победничкиот тим.
Резултати на наоќеска одиграните натпревари: Сан Антонио – Сакраменто 104:94, Кливленд – Бостон 120:103, Њу Орлеанс – Јута 94:106, Њујорк – Детроит 102:89, Вашингтон – Индијана 99:100, Минесота – Бруклин 132:118, Чикаго – Хјустон 108:100 и ЛА Клиперс – Атланта 97:107.
Пласман Источна конференција: Кливленд 44-17 (победи – порази), Торонто 41-19, Бостон 38-26, Мајами 36-26, Атланта 35-28, Шарлот 33-28, Индијана 33-30, Чикаго 31-30.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 55-5, Сан Антонио 53-9, Оклахома Сити 42-20, Мемфис 37-24, Далас 33-29, Портланд 33-30, Хјустон 30-32.