Сан Антонио преубедлив против Оклахома

Од:

Кошаркарите на Сан Антонио ја стартуваа полуфиналната серија на Западот од плеј-офот во НБА лигата со убедлива победа 134-92 против Оклахома.

Играчите на Грег Попович ја почнаа одлично средбата и уште по првиот дел имаа исклучително комфорна предност од 23 поени, 43:20.

Домаќините продолжија да играат многу посилно од својот ривал, а разликата во нивна полза растеше постојано. Логично петкратниот шампиони се повлекоа на одмор при резултат 73:40.

Доминацијата на Сан Антонио продолжи и во второто полувреме, како „Мамузите“ беспрекорно трчаа на натпреварот во своја полза, поведува во серијата со 1:0. ЛаМаркус Олдриџ беше над сите за победниците, имајќи ги предвид одличните 38 поени, а 25 додаде лидерот на тимот Кавај Ленард.

За гостите од Оклахома најпрецизен беше Серж Ибака, со 18 поени. Двете големи ѕвезди на „громовите” Кевин Дурант и Расел Вестбрук не се претставија на потребното ниво, запишувајќи со скромните за нивните стандарди 16 и 14 поени. Следниот дуел помеѓу двата тима е повторно во Сан Антонио.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on