Кошаркарите на Сан Антонио ја остварија втората победа во новата сезона на НБА лигата.
Популарните „Спарси“ ноќеска го совладаа Сакраменто на гостински терен со 102-94. Кавај Ленард со 30 поени беше предводник на гостинската екипа, додека Ламаркус Олдриџ постигна 16.
Кај „Кингси“, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Демаркус Казнс кој средбата ја заповрши со 37 поени, но тоа не беше доволно Сакраменто да го избегне поразот.
На останатите три натпревари. Втората победа на гостите ноќеска им ја донесе Лос Анџелес Клиперс кој во Портланд славеше со 114-106.
Домашни триумфи остварија Чикаго над Бостон со 105-99 и Атланта која со 114-99 го совлада Вашингтон.
Ноќеска по полноќ се се играат нови девет натпревари: Торонто – Кливленд, Бруклин – Индијана, Детроит – Орландо, Мајами – Шарлот, Оклахома Сити – Феникс, Далас – Хјустон, Јута – Лос Анџелес Лејкерс, Њу Орлеанс – Голден Стејт и Филаделфија – Атланта.