Поранешниот број еден тенисер во светот, Пит Сампрас изјави дека тенисерите не користат недозволени супстанци, а тоа било така и во неговата 14-годишна кариера.
Освојувачот на 14 гред-слем титули кој ја кариерата ја заврши во 2002-та година, рече дека понекогаш се појавува случај со допинг во тенисот, но мисли дека врвните тенисери не користат недозволени супстанци.
Сите врвни тенисери се тестираат без предупредување. Признавањето на Ленс Армстронг дека користел допинг ги зголеми шпекулациите за користење на допинг во спортот.
Сампрас смета дека тоа не е случај и со тенисерите, дека „тенисерите не се толку префинети“.
„Тоа не е нивна култура, мислам дека тоа не е во нивната природа. Мислам дека најдобрите тенисери не се занимаваат со тие работи, но можеби сум наивен“ – изјави Aмериканецот.
Меѓународната тениска федерација (ИТФ), минатиот месец ја суспендираа на шест месеци чешката тенисерка Барбара Захлавова, поради тоа што нејзините резултати биле позитивни на стимулансот сибутрамин.
Таа изјави дека супстанцата ја внесувала преку храна, и негираше дека користи недозволени средства.