Во најсилната светска кошаркарска лига – НБА ноќеска се одиграа девет натпревари по кои Далас стана седмиот тим од Западната конференција со обезбедено учество во разигрувањето за титулата. Таму останува уште едно слободно место за кое конкурираат Хјустон и Јута.
На Истокот познати се сите осум патници во плаеј-офот.
Постигнати резултати на ноќешните дуели:
Кливленд – Атланта 109:94,
Орландо – Милвоки 107:98,
Бостон – Шарлот 100:114,
Бруклин – Вашингтон 111:120,
Минесота – Хјустон 105:129,
Њу Орлеанс – Чикаго 116:121,
Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 112:79,
Јута – Далас 92:101 и
Феникс – Сакраменто 101:105.
Пласман Источна конференција: Кливленд 57-24 (победи-порази), Торонто 54-26, Атланта 48-33, Мајами 47-33, Бостон 47-34, Шарлот 47-34, Индијана 43-37, Детроит 43-37,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 72-9, Сан Антонио 65-15, Оклахома Сити 55-26, ЛА Клиперс 52-28, Портланд 43-38, Мемфис 42-38, Далас 42-39, Јута 40-41, Хјустон 40-41,…