Само три победи на домашните екипи во деветте натпревари во НБА

Од:

Во кошаркарската НБА лига изминатата ноќ беа одиграни девет натпревари на кои само три победи забележаа домашните тимови.

Оклахома Сити и Кливленд ја оправдаа улогата фаворити во дуелите со Минесота и Хјустон.

Во победата на Оклахома Сити пред својата публика над Минесота со 113:93, Кевин Дурант постигна 21, а Дион Вејтерс еден помалку, додека Расел Вестбрук партиципираше со 12 поена, 11 скокови и 10 асистенции, што е негов 23-ти „трипл дабл“.

Кливленд предводен од Кајри Ирвинг со 23 поени и Леброн Џејмс со 19, славеше на гостувањето кај Хјустон 91:77

На другите седум натпревари беа постигнати овие резултати:
Индијана – Вашингтон 104:118,
Бостон – Феникс 117:103,
Бруклин – Портланд 104:116,
Чикаго – Далас 77:83,
Њу Орлеанс – Шарлот 107:109,
Милвоки – Атланта 108:101,
Денвер – Мајами 95:98.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on