На четирите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата единствено Кливленд победи на гостински терен, совладувајќи ја екипата на Лос Анџелес Лејкерс со 120:108, со што е прекината серијата од две победи на „езерџиите“.
Најефикасни кај победникот беа Кајри Ирвинг со 26 поени и Леброн Џејмс со 24, додека уште четири играчи имаа двоцифре број поени. ЛА Лејкерс покрај Филаделфија се двата тима кои немаат шанса за пласман во плеј офот.
На другите три натпревари победија домашните екипи: Торонто – Атланта 104:96, Сан Антонио – Чикаго 109:101 и Денвер – Феникс 116:98.
Пласман Источна конференција: Кливленд 46-18 (победи-порази), Торонто 43-20, Бостон 39-26, Мајами 37-27, Шарлот 35-28, Атланта 36-29, Индијана 34-30, Детроит 33-31,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 57-6, Сан Антонио 55-10, Оклахома Сити 44-20, ЛА Клиперс 41-22, Мемфис 38-26, Портланд 34-31, Далас 33-32, Хјустон 32-32, Јута 29-35,…