Македонската кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години (играчи родени 2002 година) со една победа и два порази го заврши настапот на меѓународниот турнир во Софија, Бугарија.
На турнирот кој е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до У16“ избраниците на селекторот Александар Јованчев, ја победија репрезентацијата на Косово со 72-56.
Претходните два дена нашите кадети беа поразени од соодветните селекции Романија со 64-72 и Бугарија со 81-84.
Инаку,оваа селекција веќе трета година е дел од овој проект, кој треба да биде заокружен следното лето со настап на европскиот шампионат за играчи до 16 години.