Македонија загуби од Црна Гора со 81:80 во првиот натпревар од Европското првенство во Словенија.
– Црна Гора не ни лежи баш најдобро. И минатото порвенство почнавме со пораз против нив, се надевам дека текот на шампионатот ќе биде сличен како минатиот (Македонија стигна до 4-то место). Многу ми е жал што една дрстична грешка одлучи вака убав натпревар, рече Предраг Самарџиски.
– Не можам да бидам задоволен од играта, имавме многу падови, направивме глупави грешки. Бевме толку блиску до победата. Ќе мора се да заборавиме и да се подготвиме за Литванија. Се работи за тежок противник, но ќе се обидеме да изненадиме – истакна селекторот Пипан.
Мечот со Литванија почнува утре од 21 часот.