Салмонд најави создавање посебен шкотски олимписки состав за следната Олимпијада

Од:

Шкотскиот премиер и лидер сепартистичката Шкотска национална партија (СНП), Алекас Салмонд, најави создавање на посебен олимписки состав на Шкотска за следната Олимпијада што во 2016 година ќе се одржи во Рио де Жанеиро.

Во таквиот олимписки тим, според плановите на Салмонд, ќе се најдат сите Шкотланѓани кои на овие Олимписки игри настапуваат за британскиот состав.

Салмонд изјави дека годинешнава лондонска Олимпијада ќе биде последната на која има единствен британски тим и на која Шкотланѓаните настапуваат како Британци.

Ваквите планови на лидерот на СНП се засновани врз неговото уверување дека на планираниот референдум за отцепување на Шкотска од Велика Британија, што Салмонд и неговата партија инсистираат да се одржи во октомври 2014 година, мнозинството шкотски жители ќе се изјаснат за независна држава.

Салмон верува дека еден таков шкотски тим би постигнал завиден успех на Игрите во Рио 2016 година, затоа што многу од британските олимпијци кои освоија медали на лондонската Олимпијада се од Шкотска.

Херојот на Олимпијадата, велосипдестиот во сала Крис Хој, кој освои две златни медали во трките во Велодромот и со вкупно шест златни медали од игрите во Атина, Пекинг и Лондон, го надмина веслачот Стив Редгрејв кој има добиено пет злата на Игрите до Сиднеј во 2000 година, меѓутоа, денеска го отфрли таквиот план на Салмонд.

Во интервју за радио Би-Би-Си, Хој, кој е Шкотланѓанец, изјави дека е „длабоко фрустриран“ што Алекс Салмонд и СНП го користат за „нивните политички игри“. Тој рече дека нема да настапува за шкотскиот тим доколку тој навистина се создаде.

Горд сум што настапувам за британската репрезентација, изјави Крис Хој.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?