Сакраменто по продолжение го совлада Голден Стејт

Од:

Екипата на Сакраменто ја прекинаа победничката серијата на Голден Стејт, еден од фаворитот за шампионскиот трофеј и минатогодишен финалист во НБА лигата.

Во најнеизвесниот натпревар одигран синоќа, Сакраменто славеше победа со 109-106 по дополнителните пет минути.

ДеМаркус Казинс беше предводник на „Кингси“ во оваа победа со дабл-дабл учинок од 32 поени, 12 скока, а имаше и 9 асистенции. Кај гостите Стеф Кари беше најефикасен со 35, додека Клеј Томпсон постигна 26 поени.

Шампионот Кливленд предводен од Леброн Џејмс кој постигна 32 поени и Кевин Лав кој мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 23 поени и 16 скока го победи на гостински терен Њујорк со 111-104.

На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати овие резултати: Атланта – Орландо 113:86, Индијана – Детроит 105:84, Вашингтон – Њу Орлеанс 105:91, Мајами – Филаделфија 125:102, Минесота – Мемфис 99:107, Феникс – Милвоки 112:137 и Сан Антонио – Денвер 121:97, Јута – Шарлот 105:98.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on