САД во полуфинале за „Дејвис купот“ за првпат од 2012 година

Од:

Репрезентацијата на САД се првите полуфиналисти на „Дејвис купот, неофицијално светско тимско првенство во тенис за мажи.

Рајан Харисон и Џек Сок забележаа клучна трета победа за амариканците во парови против Жил и Флиген 5:7, 7:6 (1), 7:6 (3), 6:4 и со тоа Американците поведоа со 3:0 против Белгија.

Харисон и Сок го загубија првиот сет, но потоа направија пресврт во резултатот по два тајбрејка, а во четвртиот го затворија натпреварот по 6:4.

Американците се квалификува за полуфиналето за „Дејвис купот“ за прв пат од 2012 година наваму. Во меч за место во финалето во септември САД ќе се сретне со Хрватска или Казахстан.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест