Олимпискиот комитет на САД ќе поднесе кандидатура за организација на Летните Олимписки игри во 2024 година, а дополнително ќе биде одреден градот кандидат за домаќин. Во трка се Бостон, Лос Анџелес, Сан Франциско и Вашингтон.
Рокот за доставување на кандидатурите е 15 септември 2015 година. Одлуката за домаќинот ќе биде донесена во 2017 година.
ЛОИ на американска територија последен пат се одржале 1996 година кога домаќин беше Атланта, додека Солт Лејк Сити беше домаќин на Зимските Игри 2002.
– Цела генерација Американци немаше можност да присуствува на спектакл каков што се Олимписките и Параолимписките игри. Мислиме дека е важно Игрите да се вратат во САД, изјави Скот Блекман, директор на Американскиот олимписки комитет.
Досега кандидатура за организација на Олимпијадата во 2024 година истакнаа Германија и Италија.