САД нови светски прваци во кошарка за јуниори

Од:

Репрезентацијата на САД ја освои шампионската титула на Светското првенство за кошаркари до 19 години кое се одржа во Чешка. Во финалето синоќа САД ја победија Србија со 82:68 (26:22, 14:16, 17:13 и 25:17).

Најефикасни во победничката селекција беа Монтрези Харел со 19 поени и Вилијамс Гос со 15 поени, додека во српскиот тим Јован Новак реализира 21 поен, Василија Мичиќ постигна дабл-дабл 13 поени и 10 асистенции.

За Американците ова е петта титула на јуниорските првенства.

Третото место и бронзените медали ги освоија Литванците кои во малото финале ја победија Австралија со 106:100.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он