САД и Израел започнуваат нов стратешки дијалог на високо ниво, фокусиран на технологијата.
Новиот дијалог најавен е во заедничко соопштение на претседателот на САД, Џо Бајден, како и на израелскиот премиер, Јаир Лапид, неколку часа пред очекуваното доаѓање на американскиот лидер во Израел во првата претседателска посета.
Партнерството ќе се фокусира на користење нови технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција и други решенија засновани на технологија против глобални предизвици, како подготвеност за пандемија и климатски промени, се наведува во соопштението.
Двајцата лидери ветија дека ќе соработуваат со цел да придонесат за напредок и за да ги заштитат клучните и новите технологии „согласно националните интереси, демократските принципи и човековите права“ за решавање геостратешки предизвици.
Бајден од Израел ја почнува неговата посета на Блиски Исток, при што ќе го посети и окупираниот Западен Брег, а в петок заминува за Саудиска Арабија.
Посетата на Бајден на Израел фокусирана е на пет прашања: односите на Иран со Палестинците, последиците од руско-украинската криза, проширувањето на нормализацијата меѓу Израел и арапските земји, воена поддршка за Израел и укинување на американските визи за Израелците.
ИЗвор: МИА