Репрезентацијата на Русија ќе игра во финалето на Светското првенство во футсал што се одржува во Колумбија од 10 септември до 1 октомври.
Русите во полуфиналето ноќеска во Меделин ја совладаа селекцијата на Иран со 4:3.
Иранците со пласманот во полуфиналето направија „вистинска сензација“ на Мундијалот. Тие во претходните две фази ги елиминираа Парагвај и Бразил.
Противникот на Русија во борбата за трофеј ќе биде познат ноќеска. Во второто полуфинале, во 2 часот по полноќ во Кали ќе играат Аргентина и Португалија.