Русија повторно поразена со еден гол разлика

Од:

Ракометарите на Русија по втор пат пропуштаа триумф, по што претрпеа нов пораз со еден гол разлика, на Светското првенство во Катар.

Откако пред два дена Русите припуштија да ја совладаа Германија, па на крајот беа дури поразен со 27:26, денеска тоа им се повтори во дуелот против Полска, кој го загубија со 26:25.

Со овој пораз Русите се доведоа во ситуација пласман во нокаут-фазата да бркаат на последните два натпревари против Данска и Аргентина.

А, токму Аргентина, попладнево ја остварија првата победа на првенството и тоа убедлива со 32:20 во дуелот против Саудиска Арабија.

Во последниот меч од 3.коло, во Ц групата ќе играат Германија и Данска.

Попладнево се одигра и еден натпревар од Д групата во кој Египет ја победи Чешка со 27:23 со што ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето.

Во терминот од 19 часот во оваа група ќе играат Шведска – Алжир и Франција – Исланд.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ