Русија го сака Обрадовиќ на кормилото

Од:

Најуспешниот европски клупски тренер, Жељко Обрадовиќ е посакуван од Русија за селектор.

Според руските медиуми локалната федерација е во преговори со Обрадовиќ, но проблем пред спроведувањето на договорот може да е фактот дека се очекува Андреј Кириленко и Виктор Хријапа да го пропуштат претстојното Европско првенство.

Од составот на Русија можеби ќе отсуствува и Тимофеј Мозгов, чиј договор со Денвер истекува и би можел да остане во САД за тренинг камповите.

Обрадовиќ веќе ја одби понудата од Галатасарај, а беше споменуван и за кандидат за нов селектор на Грција. Од руската кошаркарска федерација не коментираат кој ќе биде евентуалниот наследник на Дејвид Блат, кој поднесе оставка на крајот на октомври.

Претседателот на централата, Александар Крашенков објави дека новиот селектор ќе биде познат до 25-ти декември.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он