Русија и Чешка изборија пласман во четвртфиналето од Светското женско ракометно првенство

Од:

Ракометарките на Чешка и Русија се пласираа во четвртфиналето од Светското ракометно првенство за жени што се игра во Германија.

Чешка до четвртфиналето стигна преку Романија со победата од 28:27, иако на полувремето губеа со 3 гола разлика (17:14). Својот противник тие го чекаат од подобриот помеѓу Јапонија и Холандија.

Неизвесен беше и натпреварот помеѓу Русија и Јужна Кореја, каде што победникот се одлучи по продолженија, откако регуларниот дел заврши 30:30. Во продолженијата славеа Русинките со конечно 36:35.

Тие во четвртфиналето ќе играат против Шпанија или Норвешка.

Потсетување дека вчера беа формирани првите две двојки за четвртфиналето, чии дуели ќе се играат утре – Данска-Шведска (од 17:30 часот) и Франција-Црна Гора (20:45 часот). Победниците од овие мечеви ќе се сретнат во полуфиналето на Мундијалот.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски