Рубљов и Касаткина би можеле да се откажат од руските државјанства

Од:

Руските тенисери Андреј Рубљов и Дарја Касаткина се подготвени да го сменат државјанството доколку треба. Тенисерите и тенисерките од оваа земја во моментов се на удар поради војната во Украина, а Вимблдон не им дозволи да настапат.

Тоа не е единствениот турнир кој го забрани учеството на Русите и Белорусите, но е еден од ретките. Сепак, никој не знае кој друг би можел да тргне по стапките на третиот Грен слем во сезоната.

„Што се однесува до одењето на Вимблдон, не би имал проблем да го сменам моето државјанство. Ако ни биде забрането да учествуваме на сите турнири, а јас сепак сакам да останам спортист, тогаш да – промената на моето државјанство би била опција“, изјави Рубљов во блогот на јутјуберот Витја Кравченко.

Рубљов ја осуди војната во неколку наврати од нејзиниот почеток, а на Вимблдон сакаше да учествува со украинските тенисери за да испрати порака за мир до светот.

Ниту Касаткина, моментално 12-та тенисерка на планетата, не ја исклучува можноста за „откажување“ на Русија.

„Нашата федерација престана да постои пред ИТФ. Ни го одзедоа Светското првенство. Никој не знае што ќе биде со Олимписките игри. Промена на државјанството? Ќе видиме…“, изјави Касаткина во интервјуто.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ

Бен Ротенберг ја „собори“ одбраната на Синер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фијаско на Алкараз, за прв пат во кариерата беснееше и го кршеше рекетот

Предраг Петровиќ