Роуз го реши Кливленд, Чикаго води 2:1

Од:

Тројката која Дерик Роуз ја постигна со звукот на сирената го реши победникот во третиот меч од полуфиналето во Источната конференција помеѓу Чикаго и Кливленд. Чикаго победи со 99:96 и поведе во серијата со 2-1. На Западот Клиперси го декласираа Хјустон со 124:99 за предност од 2-1.

Роуз, на три секунди до крајот, прими топка од аут и преку центарот на Кливленд Тристан Томпсон погогоди од табла за голема радост во Јунајтед центарот во Чикаго.

Роуз, кој беше клучниот играч за победата на првиот меч во Кливленд, во третиот натпревар го заврши со 30 поени и по седум скокови и асистенции. Двоцифрен број на поени кај Булси постигнаа уште Џими Батлер (20), Мајк Данливи (16) и Никола Миротиќ (12).

Кливленд го предводеше Леброн Џејмс со 27 поени, 14 асистенции и 7 скокови, но еден од најдобрите играчи на денешницата немаше поддршка од останатите колеги. Целосно потврли Кајри Ирвинг кој постигна само осум поени, тој погоди само три од 13-те удари од поле.

На Западот Клиперси во првата четвртина созадода предност од девет поени (33:24), а во третата го прегазија противникот (35:19) кога и го решија победникот.

Во триумфот на Клиперси, во чии редови се врати Крис Пол, блескаше Џеј Џеј Редик со 31 поен. Поддршка тој доби од Остин Риверс (25 поени) и Блејк Грифин (22 поени, 14 скокови).

Џејмс Харден со 25 поени и 11 асистенции го предводеше Хјустон, каде уште петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on